Има луѓе кои не чувствуваат болка! Зошто???
Болката, парадоксно, е во основа добра, затоа што ни укажува дека нешто во организмот не функционира како што треба. Тоа е дел од вродената желба да се избегнат опасни и штетни ситуации, како и да се заштитат повредените делови со третман.
Вродена нечувствителност на болка и вродена нечувствителност на болка со анхидроза (ЦИПА) се дел од семејството на нарушувања наречено ХСАН, што е кратенка за наследна автономна невропатија. Во основа, луѓето со ХСАН имаат проблем да почуствуваат болка и температура.
Луѓето со вродена нечувствителност на болка и ЦИПА имаат огромна загуба на сензорни рецептори. Можеби чувствуваат притисок, но не и болка, па затоа се повеќе склони кон самоповредување или осакатување, дури и без да бидат свесни за тоа. Ќе знаат дека на пр. Вратата им ја приклештила раката, но тие нема да почувствуваат болка.
Новороденчињата кои страдаат од оваа болест имаат тенденција да ненамерно да се повредат сами со џвакање на јазикот, образите или рацете, што доведува до формирање на рани и инфекции. Како што расте едно лице со ова нарушување, се појавуваат бројни ортопедски компликации поради нетретирани фрактури на коските. Исто така, постои нарушување познато како Шарков зглоб, прогресивна дегенерација на зглобовите што ја носат тежината на телото, што понекогаш доведува до губење на функцијата или ампутација. Овие луѓе често имаат аномија, неможност да мирисаат.
Во моментов има три познати гени со 28 мутации кои можат да доведат до оваа болест, и тие се однесуваат на начинот на кој нервите пренесуваат сигнали за болка или вкупниот број на нерви.
Неможноста да се почувствува физичка болка не е поврзана со емоционална болка - луѓето со ЦИПА чувствуваат емотивно страдање исто како и сите други.