„Работам на нудистичка плажа, гола ги служам гостите“: Хелена открива што се случува кога ќе се „возбудат“ мажите

Во свет кој често се оценува според изгледот, таа одлучи да биде гола – буквално и симболично. Хелена Бериман (47) од Лондон го напушти својот воспоставен живот и пронајде нова слобода на најнеобичното место – како келнерка на нудистичка плажа во Шпанија.
Кога Хелен Бериман (47) првпат стапнала на нудистичка плажа, тоа било од љубопитност и љубов кон нејзиниот сопруг, кој со години се залагал за живот без облека. Таа немала поим дека неколку години подоцна ќе најде работа што ќе ѝ го промени животот - како келнерка во кафуле на нудистичка плажа на југоистокот на Шпанија, недалеку од популарен нудистички камп.
- На почетокот ми беше непријатно. Имав чувство дека сите гледаат, споредуваат, коментираат, но всушност беше спротивното. Луѓето на нудистичка плажа се неверојатно опуштени. Никој не се грижи за вашиот целулит, брчки, опуштен стомак или гради кои веќе не се она што биле во вашите дваесетти години. И затоа се заљубив во тој свет - Хелен ја започнува својата исповед.
Работата ја добила преку пријателка која веќе работела во кампот, а условот бил јасен: сите вработени мора да се вклопат во филозофијата на местото - не се носи облека, освен престилка од хигиенски причини.
- Облеков престилка, но немав ништо под неа. Ми требаа неколку дена да се навикнам да носам послужавници без долна облека, но штом сфатив дека никој не ме гледа како сексуален објект, престанав да мислам на моето тело како на „проблематично“. Почнав да ја сакам работата - искрено признава таа.
„Но, не сите гости се толку свесни за границите“
- Се случува некои мажи - особено помладите или оние кои доаѓаат за прв пат - да не успеваат да го контролираат своето возбудување. Ги гледате како седат со скрстени нозе, се кријат со крпа или едноставно се преправаат дека им е жешко, па лежат на стомак. Има и такви кои се обидуваат да го игнорираат тоа, но, реално, сè е видливо - се смее Хелен.
Најнепријатниот момент, вели таа, бил кога еден гостин нарачал ладно еспресо и додека го сервирала, очите случајно ѝ паднале под масата:
- Бев во шок, бидејќи човекот дури и не се потрудил да скрие што му се случува. Само мирно реков: „Може ли да ви донесам дополнителен пешкир?“ Немаше потреба да се засрамам, но немаше потреба ниту да го игнорирам очигледното. Дискрецијата е клучна на вакви места.
„Голотијата не значи разврат“
Хелен нагласува дека најголемата заблуда на луѓето кои никогаш не доживеале натуризам е дека голотијата автоматски значи сексуалност, кога всушност е сосема спротивното.
- Не е порно камп. Луѓето се голи, но тоа не значи дека има сексуална тензија. Напротив, атмосферата е пријателска, семејна, често доаѓаат постари парови, луѓе со деца... Голи сте, но никој не флертува. Луѓето ве гледаат во очите, а не во вашето тело - објаснува таа.
Таа верува дека секој човек, барем еднаш во животот, треба да доживее какво е чувството да се соблече сè од себе - и буквално и метафорично.
- Вистинската слобода доаѓа кога ќе се ослободите не само од облеката, туку и од срамот, очекувањата и верувањето дека мора да изгледате совршено за да бидете прифатени.
- Оваа плажа ми го промени животот. Ме научи дека моето тело не е мој непријател, туку мој дом. И дека жената може да се чувствува убаво и самоуверено дури и кога е гола - без шминка, без филтри, без градник. И ако нечии хормони функционираат - па, и тоа е човечко. Само треба да знаете како да се однесувате кога тоа ќе се случи - заклучува Хелен, горда што им помага на луѓето да се прифатат себеси - токму такви какви што се.
Извор: Stil.kurir.rs