Имала 15 години кога го дала синот на посвојување, а тој по 35 години се појавил зад неа: Во шок му се фрлила во прегратка и се расплакала (ВИДЕО)
На 15-годишна возраст, Стаси Феј се соочила со ужасна одлука, да го даде бебето на посвојување или да го задржи. Во тоа време одлуката за посвојување изгледала како најдобар избор, па го предала својот мал син на непознатото семејство. За жал, таа никогаш повеќе не го држелаво раце и мислела дека никогаш повеќе нема да го види.
Момчето било посвоено од семејство од Питсбург и го добило името Стивен. Неговото ново семејство никогаш не криело од него дека е посвоен, а поголемиот дел од детството, како што еднаш открил, го поминал прашувајќи се која е неговата вистинска мајка. Откако ги изгубил сите свои хартии во поплава, Стивен се откажал од фактот дека некогаш ќе ја сретне својата биолошка мајка.
Сепак, трошка надеж се појавила во 2017 година кога бил донесен закон со кој им се дозволува на децата дадени на посвојување да имаат пристап до нивните изводи од матичната книга на родените, а тоа променило сè. Стивен набрзо дознал која е неговата биолошка мајка, жена по име Стејси Феј. Тој бил возбуден и ја побарал на Фејсбук. Нашол неколку и им испратил порака на сите со надеж дека ќе ја најде вистинската.
- Испратив порака и реков „Еј, имам чудно прашање. Дали го дадовте момчето на посвојување во 1982 година?' Таа рече „Јас сум“, а јас и одговорив „Мислам дека ти си мојата биолошка мајка“.
Иако не се виделе 35 години, имаа многу заеднички работи. И двајцата беа дел од истата група ветерани. Покрај тоа, и двајцата се пријавиле да трчаат на истиот маратон.
Стивен го контактирал здружението за да ја изненади својата одамна изгубена мајка. Сакаше да ја изненади на маратонот. Организаторите соработувале за се да биде вистинско изненадување, а му договориле и медиумска придружба. Стивен се криеше додека ја чекаше мајка му да дојде.
На хартијата напишал дека поминале 13.075 дена откако мајка му последен пат го видела. Додека Стејси го читаше текстот, Стивен се прикраде зад неа. Кога таа се сврте, тој се насмевна. Кога сфатила во кого гледа, му се фрлила во прегратка.
Сите собрани не можеа да ги задржат солзите, а вознемирената Стејси низ нејзините врисоци постојано повторуваше една иста реченица: „Не можев да те држам во раце“.
- Тоа беше изненадување, навистина големо изненадување. Го чекав тоа со години. Отсекогаш сакав да го најдам, но не знаев дали е лут на мене. Се плашев, не знаев дали ме мрази. Сè ми беше толку трогателно и емотивно, да го допрам по толку години – изјавила Стејси за американските медиуми.
Таа објасни дека била премногу млада и немала услови да се грижи за него. Синот се сретнал и со своите биолошки сестри и сите плачеле. Откако заедно го истрчаа маратонот и разговараа, сите отидоа на вечера. Денеска се во контакт и редовно се посетуваат.
Стејси им даде зборови на охрабрување на родителите кои ги бараат своите посвоени деца никогаш да не изгубат надеж.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs