Имаме злато: Димитар Ѓорѓиев е светски првак- по четврти пат
Нашиот најдобар кикбоксер го освои златото на Светското првенство (ВАКО) во италијанскиот град Језоло. Ова му е четврта светска титула.
Тој во категоријата лоу-кик, до 81 килограм, ја потврди својата доминација на овој шампионат, совладувајќи го во финалето Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0. Ѓорѓиев беше супериорен во првата рунда, кога ја стекна предноста, а потоа искусно и тактички одлично го одржуваше водството и го неутрализираше протинвикот. ѝ ја даде таа привилегија веќе четврти пат.
Претходно, на патот до финалето со ист резултат Ѓорѓиев ги победи и Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија. Ова е негова четврта светска титула, а има и едно европско злато, од 2018 година.
На СП во Језоло учествуваше и Бобан Илиоски, во категоријата до 86 килограми, но тој беше запрен уште пред полуфиналето.