Имате проблем – Еве како да издржите подолго во сексот


Секој десетти маж страда од предвремена ејакулација …

Кога станува збор за сексот, секој маж има една цел, а тоа е да ги покаже своите љубовни вештини и да издржи што подолго во кревет. Иако има и такви мажи кои се фалат како можат да издржат со часови на љубовен чин, научните истражувања покажуваат различни резултати. По прегледот на 500 парови, утврдено е дека просечниот маж ејакулира за 5,5 минути, што е доста брзо, но и малку загрижувачко.

Затоа мажите се обидуваат да најдат различни начини како да го продолжат времето во кревет и да покажат што знаат. Затоа решивме да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат во таа цел.

Првото нешто на што треба да обрнете внимание е предиграта. Колку е подолга предиграта, толку подолг ќе изгледа сексот. Затоа, одвојте време и обидете се да се опуштите и да се возбудите во оваа почетна фаза.

Следното нешто што мора да го практикувате и мора да вежбате е да застанете пред самата ејакулација. Кога ќе почувствувате дека се приближува ејакулацијата, тогаш треба да застанете и да земете длабок здив. Ова ќе ја смири вашата желба за ејакулација и потоа можете да продолжите со акцијата. Секако, многу е тешко да се прекине таков силен нагон, па затоа ќе мора да го практикувате ова запирање додека не ја постигнете целосната контрола. Откако ќе го усовршите, ќе можете значително да го продолжите времетраењето на сексот.

Друга корисна работа што може да ви помогне е да користите дебели кондоми. Дебелите кондоми го намалуваат чувството и триењето, па искуството може да биде полошо за вас, но вашиот партнер сигурно ќе ужива. Подебелите кондоми дефинитивно ќе ве натераат да издржите подолго во кревет.

Сепак, најдобрата опција која ќе ви овозможи подолго да издржите во кревет е мастурбацијата. Истражувањата покажаа дека ако мастурбирате 2 часа пред сексуалниот однос, ќе можете да издржите 3,4 пати подолго отколку што вообичаено можете. Секако, се јавува проблемот што понекогаш не знаете кога ќе се случи сексот, но ако случајно имате закажано, тогаш знаете што да правите.

Фото:Фрипик