„Имав секс со 6 мажи одеднаш додека мојот дечко ме гледаше“: Нимфоманка открива жешки детали од своето минато, првото искуство го имала на 12 години
Лори е 30-годишна зависничка од секс од Шефилд која е во целибат откако стана мајка.
Уште како тинејџерка ја чувствувала својата страст, а веќе во првите изјави признала дека никогаш не може да се засити. Таа едвај чекала да оди на состаноци, а сè се променило кога сфатила дека тоа може да му наштети на нејзиниот син Хенри.
– Не знам точна бројка со колку мажи сум спиела, но мора да биде помеѓу 100 и 200. Никогаш не можам да се наситам. Кога сфатив дека тоа може да влијае на мојот син Хенри, решив да побарам помош – изјави Лори за „Сан“.
Своето богато сексуално искуство зависничката го опишала во книгата: „Сексуален дневник“.
Првото искуство го доживеала на 12 години и признала дека и се допаѓаат и момчињата и девојчињата, а една година подоцна добила и момче. Кога наполнила 20 години, желбата станала посилна.
- Одев во секс клубови со другарките, бидејќи многу сакав секс. Мојот поранешен дури ме однесе на голема секс забава каде ме гледаше како имам секс со шест мажи одеднаш. Спиев со неколку мажи неделно, дури и кога не бев расположена за тие работи. Се чувствував немоќно затоа што не можев да ги контролирам своите желби, а за да го смирам тоа размислување, се насочував кон сексот. Запознав непознати на Инстаграм, ми пишуваа пораки во кои ми даваа комплименти, а потоа се среќаваа со мене за секс – рекла Лори.
Лори се бореше да најде постојан партнер, а иако имаше „шест долги врски“, таа тврди дека мажите не можат да прифатат „отворена врска“.
Таа сфатила дека мора да добие помош па почнала да оди на состаноци на група зависници од секс. Во тоа време таа имаше момче Иан, кој и даваше поддршка, но притисокот меѓу нив беше голем за време на „закрепнувањето“, па на крајот раскинаа.
Лори е во целибат неколку месеци благодарение на групата и се надева дека ќе најде нов партнер.
- Секако, сепак јас сум јас. Секогаш ќе сакам секс, но ако најдам дечко, се надевам дека моногамијата ќе ми успее. Се прифаќам себеси таква каква што сум. И не се срамам поради тоа – заклучила Лори.
Foto:Freepik