ИН МЕМОРИАМ: Ненадејно почина Горан Ѓошев, член на службата на Академијата на ФФМ

Денеска во Скопје, ненадејно почина Горан Ѓошев, вработен во Фудбалската Федерација на Македонија, како медицинско лице задолжено за грижата на младите фудбалери во Академијата на ФФМ.


Ѓошев беше неизбежен дел од генерации македонски фудбалери, како техничко медицинско лице водејќи ја грижата за здравјето на голем број млади фудбалери кои минувале низ академиите на фудбалската федерација.