Индијана Џонс летува на Балканот: Харисон Форд и сопругата уживаат во Дубровник
Познатиот и омилен американски актер Харисон Форд (78), откако го повреди рамото за време на снимањето на петтото продолжение на филмот за авантуристот и археологот Индијана Џонс во Велика Британија, пристигна во Дубровник да се опорави и да се одмори со синот Лиам и неговата сопруга, 55-годишна актерка Калисто Флокхарт, главната хероина на популарната серија Али МекБил.
Харисон Форд шеташе низ градот во едноставни црни панталони и црна маичка, добро „камуфлиран“ со црни очила и маска на лицето, додека Калиста беше во опуштен, летен фустан и патики.
Двојката, која важи за една од најхармоничните во Холивуд, беа во врска 19 години, во брак се11 години и го имаат синот Лиам.
Форд се здоби со светска слава со улогата на Хан Соло во вселенската сага „Војна на Sвездите“, а познат е и по улогата на Индијана Џонс, а исто така глумеше и во бројни филмови, меѓу кои Блед Ранер (1982) и Блед Ранер 2049 (2017). Неговата успешна кариера опфаќа шест децении и вклучува соработки со некои од најценетите и највлијателните филмаџии на сите времиња, како Џорџ Лукас, Френсис Форд Копола, Стивен Спилберг, Ридли Скот, Питер Вир, Роман Полански и Мајк Николс.
Фото: Инстаграм/nostalgie80s90s/dubrovnikheights/dubrovniknethr