Информирањето е на прво место: 5 најголеми заблуди за скијањето

Скијањето е таков спорт што или го сакате или не го сакате, но пред да се класифицирате во една од овие две групи, бидете сигурни дека не сте водени од некои стереотипи, бидејќи тоа може да ве чини уживање. Секако дека треба да бидете добро известени за да ги избегнете лошите одлуки за време на подготовките за патувањето.

1. Не ми требаат кондициони подготовки, го можат тоа и без вежбање

Пред да замините на скијање секако би било добро во секојдневието да внесете некоја физичка активност за да не го изложите телото на стрес. Исто така, доколку вашето тело не е навикнато на зголемена активност, задолжително истегнете се пред скијањето за да ја намалите можноста од повреди. Освен тоа, добро е при рака да имате таблети против болки и магнезиум за да го ублажите воспалението доколку дојде до него.

2. На скијање е многу ладно и морам да облечам повеќе слоја облека

Иако температурата на термометарот често покажува под нула, наместо на себе да облечете и неколку слоеви облека, облечете квалитетни парчиња од внимателно одбрани материјали. Јакната, панталоните и маичките за скијање се направени од поинакви материјали, тие се лесни, непропуштаат вода, а истовремено може да ви „дише“ телото. Нема да ве оптеретуваат со тежината, ниту ќе ви го попречуваат движењето, а ќе ја задржат топлината онака како што треба.

3. Не ми требаат часови по скијање, ќе ме научи пријателот/сопругата/сопругот

Апсолутно најголема заблуда! На часовите по скијање работат посебно обучени учители по скијање кои полесно и постручно ќе го пренесат своето знаење на вас и ќе ве доведат до посакуваната цел. Во овој случај не е добро да ги преценувате своите способности, ниту способностите на пријателот кој ќе се претстави како „скоро па професионалец“, бидејќи повредите можат да бидат сериозни.


4. Мене нема ништо да ми се случи, не ми треба патничко осигурување

Со години веќе одите на скијање, сигурни сте во вашите способности и стекнатото знаење, се сметате за експерт и уверени сте дека не ви треба патничко осигурување. Токму овде најмногу грешат луѓето.

За жал, непријатностите се случуваат често, тогаш кога најмалку ги очекуваме, се случуваат на сите, па и на оние најдобрите. Можете да ја имате најновата опрема, долгогодишно искуство, совршени временски услови, но понекогаш ни тоа не е доволно. Повредите за време на скијањето се непредвидливи и може да бидат многу сериозни.

Трошоците за лечењето или превозот на брзата помош би можеле да ве чинат повеќе од самото патување. Во странство тие трошоци се двапати поголеми, затоа задолжително пред заминувањето земете си патничко осигурување и колку - толку безгрижно уживајте во зимските радости.

5. Скијањето е прескапо и не можам да си го дозволам

Скијањето е навистина скапо, но како и во голем број животни ситуации, работата е во приоритетите. Оние оки барем еднаш поминале и само неколку дена на свеж воздух на планина, знаат дека станува збор за неповторливо искуство кое тешко може на некој да му се прераскаже.

Како и секогаш, локациите, опремите и додатните активности значително влијаат на цената, но доколку издвојува и повеќе за да одите на летување, едноставно признавата дека работата е во приоритетите, а не парите.