Инспириран од делата на Жил Верн: Часовникот LM
Брендот MB&F штотуку претстави ултра-ексклузивна серија со осум уникатни парчиња базирани на LM Split Escapement
LM часовникот e инспириран од научнa-фантастика и е целосно трансформиран со добивање детали од деветнаесеттиот век и делата на Жил Верн.
Како што вели Максимилијан Бусер, основач на брендот MB&F: „Со години работиме со Еди, мајсторот на часовникот за да изгравираме имиња на нашите механизми - тоа е исто како да свириме на виолина Страдивариус“.
Сепак, новиот проект на познатата куќа на невообичаени часовници, за прв пат му даде на Еди практично неограничена слобода.
Инспириран од францускиот романсиер, често наречен „Татко на научната фантастика“, кој остави силен белег во литературната авангарда и надреализмот, Еди создаде вистински ремек-дела. Под влијание на осум приказни за славниот генијалец на пишаниот збор, Еди успеа да излезе со имагинативни креации што ќе ги придобијат дури и оние кои се чисти реалисти.
Серијата LM Split Escapement Eddy Jaquet означува отстапување од вообичаените часовници MB&F, во кои фокусот е насочен главно на техничките детали, наместо на естетиката. Главниот елемент на сите часовници се уникатни рачни врежани бирачи кои содржат елементи поврзани со делата на Жил Верн. Како што дознаваме, цената на овие часовници е 162.000 долари без даноци, но за жал, секој од нив веќе го најде својот сопственик.