ИНСПИРИРАНИ ОД МОРЕТО: Dolce & Gabbana ја претстави колекцијата пролет/лето 2021
Доколку ви треба доза инспирација за попладневно сонување и подобро лето, брендот Долче и
Габана ќе ви го овозможи токму тоа со својата најнова колекција пролет / лето
2021.
Италијанскиот моден бренд беше инспириран од летниот одмор во Соренто за своите најнови креации. Опуштените форми го дефинираат новиот асортиман, додека Доменико Долче и Стефано Габана претставуваат бројни сини креации, инспирирани од отворено море. Со бело во совршен контраст, сите новини од колекцијата - без разлика дали се работи за кошули, панталони или туники, ќе ве воодушеват со нивната ноншалантност. Покрај деконструираните парчиња тексас и специјалните кроеви, брендот Долче и Габана понуди насочен пристап до додатоци за новата сезона. Класичните нијанси се комбинираат со беретки, капи, кожни сандали и мокасини.