Спорт // Спорт
Интер го враќа Лукаку, за двојно помала плата, голем профит на клубот од Милано
Ромелу Лукаку се враќа во Интер, извесен е договорот со Белгиецот кој по епизодната улога во Челзи се враќа во Милано.
Челзи по само една година се решава да го врати во Интер, како позајмен играч, а го купи пред 12 месеци за 115 милиони евра.
Интер го добива Лукаку назад, ќе плати 10 милиони евра за позајмица со важност од 12 месеци, Белгиецот во клубот од Милано ќе заработува 7,5 милиони евра.
Лукаку во Челзи имаше годишна плата од 15 милиони, но тој е несреќен во клубот од Англија, се сложи да игра за Интер за двојно помала плата.