,

Интервју- Дарко Петковски- Спејко: Денес реалните шоуа се одличен пример за тоа како НЕ треба во животот

Едно време беше толку познат, што и малите деца знаеја кој е Спејко. Секако, благодарение на неговото учество пред неколку години во реалното Балканско шоу „Големиот Брат“. Но, не го препознаваме само по учеството, туку и по победата. Од тогаш па до сега многу нешта се променија кај Дарко Петковски, но неговиот стил на облекување и однесување остана скоро ист. Петковски каде и да се појавеше и појави е приметен и по својата специфична облека исто како и по физичкиот изглед. Сега е спортски директор на кошаркарскиот клуб КК Куманово и целосно е фокусиран на таа работа. Близок е со спортот, целиот живот се занимава со спортски активности, од гимнастика, атлетика, ракомет, кошарка, а имаше и кошаркарска школа...

- Веќе 8 месеци имам одговорност да го организирам клубот КК Куманово за утакмици, патувања, припреми, да ги мотивирам и сослушам кошаркарите, да им обезбедам најдобри услови за тренинг и сместување, а ако сте спремни тоа што го работите, да го работите и без пари, тогаш вие не работите, едноставно уживате и добивате бонуси. Тоа е "лајф хак". Со кошаркарите на КК Куманово и приватно поминувам доста време па така работата ми претставува задоволство и сум благодарен што управниот одбор и претседателот Крстевски ме назначија за спортски директор на клубот- вели Спејко во интервјуто за Машки магазин.

За него стилот е еден од начините да кажеш кој си, без да треба да зборуваш за себе и додава дека Србите викаат "одело не чини човека" но дали е баш така?

- Со начинот на облекување праќаме невербални пораки кон нашата околина. Луѓето кои носат упадливо неумерена боја на гардероба, со тоа као да викаат, "приметете ме" освен што така ја откриваат желбата да бидат запазени случајно откриваат за кој клуб навиваат хахах се шегувам. Од друга страна оние неколку кои се беспрекорно облечени, закопчени, исклучитено уредни, се добро организирани, дисциплинирани, принципиелни и крути личности.Све ова паѓа во вода кога мојата девојка ќе ми подари флуросцентно зелен дукс од мојот омилен бренд па го убивам од носење затоа што ми е од неа. Да поентирам, стилски се дефинирам, во тренерки тренирам, во костум доминирам хаха- со насмевка ни рече Дарко.

Свесен е дека пресудно за добар стил е да имаш осет или чувство за што и кога, дека нештата треба да бидат ускладени со карактерот и приликата, со намера да се остави добар впечаток или да се нагласи доминацијата во услови на дефицит на стил. Стилските грешки го карактеризираат секој од нас, оправдано е да носиме на себе нешто кое ни значи и нешто во што ни е само удобно.

Инаку, комбинира и елегантна и спортска облека, неговата работа и слободното време не се косат како кај мнозинството, се чувствува удобно што и да облече и битен критериум му е да е квалитетно. Со години нема фрлено чивт обувки затоа што се искинати- на пример си ги одржува и им го продолжува векот на траење. Во последно време се релаксира со друштвени игри како монопол или гледа филм со неговата девојка, кога е сам игра xbox, голем фан е на видео игрите, чита книги, пишува нешто, и неуспешно "избегнува" социјални мрежи.

- Омилени ми се костумите, но имам колекција на обувки кои ми се на видно место во собата, за разлика од костумите кои не се во фокусот. За да го истакнам тоа што го носам на себе морам прво од внатре да се чувствувам убаво, позитивно, самоуверено, исполнето, кога сум ваков имам чувство дека се‘ на мене е по мерка. Омилените парчиња облека ги носам за некои специјални прилики- потенцира Спејко.

Има и своиомилени брендови, но најбитно му е да е квалитетна облеката што ја носи. Спремен е и поскапо да плати за нешто уникатно и квалитетно. Чувствителна тема кај нас ако го земеме предвид стандардот, и ситуацијава со вирусот, па тој не би сакал да коментира повеќе на оваа тема, да не навреди некој.

Ама затоа пак, за фитнесот, неговито тело и физичката подоговтеност секогаш има што да каже:

„Не можеш 12 месеци да одржуваш форма, па така јас темпирам летниот период да сум во топ форма, тренирам најмалку 3 пати во неделата зависно од професионалните обврски, а комбинирам теретана и стаза, стандардна програма за зголемување мускулна маса и вежби за кондиција. Што се однесува до исхраната, не сум баш дисциплиниран периодов, но барем не пропуштам оброци и избегнувам шекери, јадам мрсничко и периодов неможам да одолеам на грицки, но тоа не се однесува на сите 12 месеци во годината, во летниот и пред летниот период, внесувам многу протеини, пијам многу вода, а избегнувам храна богата со масти и шекери и јаглехидрати“.

А, на прашањето- кааков тип на девојка му е фаворит, (во минатото го поврзуваа со многу убавици) еве што ни кажа:

„Мој фаворит на девојки е девојка ми, идеална е за мене по сите критериуми, совршена и внатрешно и надворешно. Впрочем и во претходните врски сум гледал надворешната убавина на партнерката да ја надополнува внатрешната, таков склоп најмногу ми одговара“

И за реалните шоуа има свое мислење. После победата поминале 6 месеци како што и било во договорот, па тогаш му ги исплатија парите или 100.000 евра и најпвин со нив му купил автомобил на брат му.

- Реалните шоуа се во тренд, за разлика од пред 5- 6 години сега им расте гледаноста, траењето, бројот и инвестирање во самите проекти, но наградните фондови и хонорарите нагло паѓаат, секој сака да биде во центарот на вниманието па се влегува и без хонорар а бламот те носи во финале. Порано имаше концепт кој полека се изгуби, па приватните животи на учесниците се поинтересни за гледачите, и денес реалните шоуа се одличен пример за тоа како НЕ треба во животот. Од искуството во реалните шоуа научив да се борам за себе, да го давам само најдоброто, да се претставувам во најдобро светло како пред камерите така и надвор од имагинариумите, и се’ тоа добро да го наплатам- завршува Дарко.

Небојша Толески