Интервју: Исак Рера- фризерот кој ги потстрижа Берлускони и Карпов во Скопје
Пред неговото
фризерско студио буквално се чека ред! Ако сте случаен минувач ќе помислите
дека има собир. И веројатно не сте виделе барем кај нас токму многу клиенти кои
чекаат за да бидат потстрижани од фризерскиот мајстор Исак Рера. Овој човек
така добро работи, што скоро цело Скопје е со „негов потпис“ на главата и
брадата. Исклучиво стриже мажи. 28 години го работи ова. Непогрешлив, културен,
спокоен, вистински професионалец. На влезот на неговто студио во населбата
Капиштец ќе ве понудат со кафе и чај, а потоа следи вистинска мајсторија од
фризури. Најпрвин масажа на главата и лицето. Убавина! Како преродени
изглегувате со насмевка, а таква насмевка ви праќа за довидување и Рера кај кој
скромноста му се гледа од далеку, ама она што го има направено низ годините во
фризерскиот занает е да му сименете капа.
Во занаетот се заљубив преку брат ми, тој е постар и од него многу научив. Бев ученик подолго време во тогашното најлуксузно фризерско студио во Континентал, па решив подоцна сам да отворам свој салон, мојот најголем сон- вели Рера.
Секој почеток бил тежок, но тој веднаш се истакнал со одличното стрижење и сите техники кои ги совладал до перфекција. Воопшто не му било тешко уште тогаш да има многу клиенти, а тоа се должи и на фактот што Исак е центарско дете, се движел во тие кругови и како што посочува „најдобра реклама е кога стрижеш еден клиент, и ако е добро, доаѓаат неговите 20 пријатели“. Така низ годините ја градел довербата со девизата дека „клиентот е пред се’ останато“.
Бидејќи има турски корени, често патувал во Турција и од таму ја пренел овде неверојатната техника на турска перфекција но и љубезност.
- Тешко е да се стекне добербата на клиентите, но сето тоа си бара прецизност, слаткоречивост, финесата на комплетното стрижење, трпение, убав збор, понизност... Јас лично како карактер не сакам да му згрешам ни на мало дете, сето тоа е направено со молба. Дури често и е тешко ако некој клиент во моентот одбијам поради многу работа, па после му се јавувам да му се извинам- додава Рера.
Сега има голем салон исто во населбата Капиштец и уште еден во ГТЦ кој го работи заедно со неговиот брат. Неговиот салон има 7- 8 столици, пријатен абиент и фризерска врвна опрема бидејќи има и фирма за продажба на фризерска опрема. Услугата е на ниво, а покрај стрижењето, има и депилација на лице, користи и маски за лице, обликување на брада па дури и боење на коса.
- Порано на маќите им беше срам да се бојадисуваат, ама сега новите трендови диктираат друго темпо. Во салонот бојадисуваме, ама на начин кој дава 100 проценти природен изглед. Тоа е всушност многу комплицирана техника во која мора да се знае точниот сооднос на фарбата и другите пропратни елементи. Дури имаше случаи кога некој маж сме го бојадисале, а неговата сопруга дома не го ни приметиле дека е бојадисан- со насмевка ни рече Исак.
И во неговиот салон важи дека фризерот е и психијатар. Внимателно ги слуша клиентите кои релаксирани си зборуваат за дел од нините проблеми, но мајсторот е тука секогаш да даде и по некој убав совет. Повеќе од половина од клиентите му се и лични пријатели со кои заедно излегуваат и сите го ценат.
А, токму такви пријатели стекнал и во политичките и шоу бизнис кругови, поточно, тие го стекнале него како пријател. Со години ги стриже некои од најистакнатите наши личности, ама внимателен е кога зборува со имиња бидејќи смета дека тие треба тоа да го кажат, а не тој затоа што гаранцијата за приватност ја почитува многу.
Во изминативе дваесет и кусур години многу познати наши личности сум ги потстрижал, од политичари, бизнисмени, трговци, спортисти, менаџери, дипломати... И денес се редовни клиенти. Го користам дискресионото право да не ги именувам, ама еве, во оваа прилика ќе кажам дека Господинот Бранко Црвенковски е мој редовен клиент со години. Човекот е извонреден клиент. Секогаш се јавува најпрвин да закаже и да праша дали сум слободен. Кога ќе дојде, неговата скромност не може, а да не се забележи. И секогаш, тоа што го сака од фризура го добива. Ретко менува стилови, но сега брадата сака да му е по куса- ни раскажа фризерот.
Ама, со задоволство кажува за неговиот уникатен подвиг- стрижењето на Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија кој пред неколку години ја посети нашата земја.
Јас појма немав дека Берлускони е во Скопје. Беше сместен во хотелот Александар Палас. Мој клиент и добар пријател му кажал на Силвио за мене, а тој рекол веднаш да ме донесат. И така беше. Пратија специјално автомобил, ме зедоа и влегов во апартманот на премиерот. Ме пречека со широка насмевка. Знаев дека ќе го остварам неговото барање. Додека го стрижев, постојано беше позитивен, кажуваше некои шеги, а на крајот ми рече дека е презадоволен и дека до сега никој така не му ја погодил фризурата. Беше како во сон- се присетува Рера со восхит.
И светскиот мајсор на шахот- Анатолиј Карпов „падна во рацете„ на Исак. Шахистот бил овде поради конференција и му требало фризр. Кој ако не Рера. Го преорачал пријател, нашинец од Виена, исто така страсен љубител на шах.
- Карпов дојде во салонот каде што работев. Галантен и одмерен. Бидејќи не знаев руски, една моја пријателка русинка, мажена за мој добар пријател од Прилеп ми преведуваше, а господинот ја доби фризурата која ја посакуваше и беше многу задоволен- вели Рера.
А, доста патува и постојано се едуцира.Најчесто ги посетува најголемите саеми за фризури ви фризерска опрема во Болоља и во Хонг Конг. Посетува доста семинари, едукативни работилници...
Смета дека секој маж или момче треба да ја стиже косата на секои три недели до еден месец. Препорачува професионални восоци и гелови во мали количини за да се добие одлична форма.
Што се донесува до пандемијата на коронавирус, неговиот салон работече со скратено рботно време и со целосна дезифенкциона и заштитна опрема.
Намав некои поголеми проблеми, имаше пад во работата, но барем кај мене не беше преголем. Јас сум педантерија жива, се’ беше по протокол, од маски, дезинфекциони сретства па се’ до раздалеченот на столиците и закажувања во одделни интервали- дециден е Исак.
Сега, кога малку се олабавија мерките, тој внесува супер новост- униформи за скоро десетте вработени со натписи „Носи маска, чувај го здравјето“ и пред влезот дезинфекција со колонска вода која содржи 70 проценти алкохол и од старт го минимизира ризикот.
Фризерот приватно е оженет и има три деца, од кои најголемиот најверојатно ќе тргне по стапките на тато бидејќи од мал го засакал занаетот. Фамилијарно често излегуваат, имаат голем круг на пријатели...
- Мојата фамилија е дел од старите скопјани. Одамна сме овде. За мене Скопје е најубавиот град, мој град. Татко ми велеше дека ова е негов дом, сега и мој. Уживам со сите нешта кои ги нуди градот, а пријателите не ги менував за ништо на светот- завршува Рера.
Небојша Толески