ИНТЕРВЈУ ИВАНОВ-ИЗИ: Финансирањето на македонските филмови да се редефинира според европски стандарди
На филмско Скопје и на македонската културна сцена, од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младински културен центар, по четврти пат ќе им се случи „Златна рамка“, ревија на македонски филмови зад која како организатор стои Друштвото на филмските работници во соработка со Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди девет филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и пет краткометражни филмови.
По повод новото издание на „Златна рамка“, како и за актуелните состојби во филмската дејност кај нас разговараме со режисерот и актуелен претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија, Игор Иванов-Изи.
Наскоро ќе се одржи четвртото издание на филмската ревија „Златна рамка“ во организација на ДФРМ. Од каде всушност се појави иницијативата за одржување ревија во која ќе бидат прикажани сите филмови од годишната продукција?
Иванов: Кога ја добив довербата на ДФРМ во мојата програма беше вклучен таков настан, затоа што македонската кинематографија веќе дојде до тој степен да има доволно филмови за една ваква ревија. Иако порано немаше толкава продукција, можеби вистинскиот мотив беше тоа што во изминатата деценија беа снимени филмови што никој никогаш не ги видел. Едноставно, се снимаа некакви документарни и кратки филмови, кои имаа некаква чудна премиера на чудно место. Ниту критиката, ниту публиката немаа увид во тоа што сѐ е снимено и каде се потрошени јавните пари. За нас беше важна демистификацијата на македонскиот филм и на тоа каде се потрошени јавните пари. Покрај основниот мотив, „Златна рамка“ дава можност и за дружење меѓу филмските работници, се доделуваат признанија за заслужните, а целиот настан ќе биде отворен со Редовното собрание на ДФРМ, кое ќе се одржи на 9. јуни.
Целиот текст можете да го прочитате на ФАКТОР