Ирина Шајк и Бредли Купер фатени заедно: Двојката ќе се помири?
Супермоделот Ирина Шајк (35) и холивудскиот актер Бредли Купер (46) се разведоа во јуни 2019 година, по четири години љубов.
Оваа вест шокираше многумина, но не сите затоа што со месеци се шпекулираше дека актерот се зближил со Лејди Гага за време на снимањето на филмот „Sвездата е родена“. Без оглед на причината за крајот на нивната врска, парот во март 2017 година ја доби ќерката Лео де Сена.
Поради неа, Ирина и Бредли одржуваат одлични односи и се во редовни контакти, па манекенката беше видена како го напушта станот на нејзиниот поранешен партнер минатата година. Затоа не е премногу изненадувачки што папараците завчера ги фотографирале заедно во автомобил во Њујорк.
Извор близок до поранешната двојка неодамна изјавил дека многу се почитуваат и дека имаат одличен распоред за грижата за нивната ќерка.
Извор: агенции
Фото: Стил.курир.рс