Исчезна без трага и глас, сите мислеа дека е мртов: По 9 месеци се разбудил во непозната соба и останал во шок

Полицаецот Рубен Кумутаи Лел,според зборовите на неговата внука само исчезнал еден ден - а ниту семејството ниту полицијата немале поим каде се наоѓа, па сите мислеле дека е мртов.

Меѓутоа, се покажа дека Рубен бил жртва на сообраќајна несреќа и дека цело време бил во една од најголемите болници во земјата.

Минатата недела се освести, а неговата внука Џоана Џепто за локалните медиуми изјави дека семејството се помирило со неговата смрт откако не можеле да го најдат неговото тело во мртовечницата.

- Мислевме дека е мртов бидејќи телефонот му беше исклучен. На почетокот на оваа година отидовме да земеме тело за кое ни рекоа дека личи на него, но отпечатоците од прстите не се поклопија – изјави таа за Би-Би-Си.

Полицаецот бил примен во болницата на 21 декември 2024 година како непознато лице и немал лични документи со себе.

Во меѓувреме бил отпуштен од работното место, а во отсуство е осуден за дезертерство и по него е распишана потерница. Случајот подоцна бил прекинат бидејќи полицијата не можела да го пронајде.

Минатата недела се освестил и иако сè уште не го обновил целосно сеќавањето, успеал да се легитимира по име и дека е полицаец - и така започнала потрагата по неговите роднини. Џоана била контактирана од полицијата минатата среда и ѝ рекле да оди и да го идентификува во болница.

- Го најдов во Националната болница во Кенија. Не можеше да ме препознае мене, ниту имињата на членовите на неговото семејство – рекла таа.

Полицаецот бил отпуштен од болница минатиот петок и се опоравува во својот дом во Коибатек, округот Баринго, под грижа на неговата сопруга и семејството. Како што јавија локалните медиуми, постапката за негово враќање на работа е во тек.


Фото: freepik