„Исечете го стресот во корен“: Зимското нерасположение регулирајте го со овие намирници

Веќе зборувавме за витаминот Ц, но не заборавајте за другите моќни антиоксиданси...

Во последно време целото човештво се соочува со чести проблеми со менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека подобриот начин на живот може да го подобри расположението. Секако, најголем акцент е ставен на исхраната. Нутриционистите ги препорачуваат овие намирници за подобро здравје и расположение во зимските денови.

Холин, витамин Ц, чоколадо и наут

Освен од јајца, холин можете да добиете и од грав и леќа, во случај да сте нетолерантни на јајца. Тоа е суштинска хранлива материја која помага при меморијата и процесот на учење.

Витаминот Ц се наоѓа најмногу во надбубрежните жлезди, кои го регулираат правилното функционирање на телото. Најмногу витамин Ц имате во кивито и црвените пиперки.

Следно е темното чоколадо. Нутриционистите го сметаат за најдобар извор на растително железо. Недостатокот на железо може да доведе до некаков вид на анксиозност и напнатост, пишува Mind Body Green.

Наутот помага во регулирање на апетитот, спиењето и расположението.

Антиоксиданси и антоцијани

Веќе зборувавме за витаминот Ц, но не заборавајте за другите моќни антиоксиданси. Антоцијаните можете да ги најдете во храната со темна боја како што се боровинки, капини, грозје и црни рибизли.

Течност

Врската помеѓу здравјето на мозокот и хидратацијата е силна, затоа внимавајте колку вода внесувате на дневна основа. Кога ќе дехидрираме, почнуваме да се чувствуваме летаргични и вознемирени, а концентрацијата исто така ни се намалува.

Што се однесува до количината на пијалок, секогаш слушајте што му треба на вашето тело. Се препорачуваат 9 чаши дневно за жени и 12 чаши дневно за мажи. Можете исто така да им дадете шанса на зелените чаеви.

Зачини

Зачините и тоа како се важни за менталното здравје. Чили пиперката може да помогне во расположението, енергијата и имунитетот.