Исклучително опасна ПОЛУ МЕСЕЧИНА: Хороскоп за почетокот на февруари

Кога месечината не е полна, а не е ниту до половина, тогаш се смета за лош астролошки период. Не дека нешто драстично може да се случи, но веќе се случуваат несакани нешта. Битно е како гледате на животот. Поради недостаток на другата половина, скоро се‘ кај хороскопските знаци е поделено... Но, тоа не значи дека некои знаци нема да имаат убав период

ОВЕН

СРЕЌЕН ДЕН: ВТОРНИК Во  постојана  борба  со  животот  вие  секогаш  излегувате  како победници!  Имате  невиден   оптимизам,  силна  желба  и  волја  за совладување  на  препреките.  Тоа  секако  дека  е  добро.  Но,некогаш обидете се да не си го комплицирате премногу животот самии пуштете ги работите да си течат по својот замислен тек, а не вие како што сакате.

БИК

СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Бидете  искрени  кон  луѓето  кои  се  фер  со  вас.  Сте  заборавиле  дека искреноста е еден од најбитните сегменти во живот. Затоа направете реални проценки и кажете ја вистината во вистински момент на оној накому му е најмногу потребна. На работното поле се тече како штотреба. Вашите идеи и планови се со радост прифатени.

БЛИЗНАЦИ

СРЕЌЕН ДЕН: СРЕДА Имате вишок на емоции. Во  постојана  потрага  по  романтика,  конечно  ќе  наидете  на романтична личност. Уверете се дали таа ќе биде тоа што навистина го посакувате.  Периодот  што  следи  ве  очекува  зголемена  креативна активност  и  можност  за  реализирање  на  повеќе  полиња.  Дружете  се повеќе и стекнувајте нови контакти.

РАК

СРЕЌЕН ДЕН: ПОНЕДЕЛНИК Периодот што следи ќе биде исполнет со многу убави нешта кои ќе ви донесат  голема  радост.  Од  вас  се  бара  добро  да  знаете  да  ги процените работите во кои се впуштате  и да направите стратегија за сето  она  што  сакате  да  го  постигнете.  Успехот  ќе ви  биде загарантиран, но преку љубовта на личност која ве сака.

ЛАВ

СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Имавте многу тешки финансиски проблеми. Можеби треба да размислите малку за вашата иднина! Неконтролирано трошење секако дека не се вклопува во успешна иднина! Затоа треба да внимавате каде и зашто  ги  давате  парите.  Направете  долгорочна  стратегија  на  вашите финансии и раководете се по неа.

ДЕВИЦА

СРЕЌЕН ДЕН: ЧЕТВРТОК Имате чувство дека личноста која ја симпатизирате не ви посветува доволно  внимание.  Преиспитајте  се  себе  си  зошто  тоа  е  така? Веројатно, по подолго трагање, одговорот ќе го најдете во вашиот непрекинат  апетит  за  работа  која  ако  не  ја  оставите  барем  за момент може многу да ви наштети во вашиот емотивен живот.

ВАГА

СРЕЌЕН ДЕН: ВТОРНИК Мислите  ви  шетаат  на  многу  страни.  Никако  да  најдете  соодветно решение за дел од вашите проблеми. Можеби не треба да гледате толку далеку! Решението  е  многу  блиску-  некаде  помеѓу  оние  што секојдневно  ве  опкружуваат.  Направете  добра  проценка  кој  би можел да биде? Нема да ви биде лесно, но вреди да се обидете.

ШКОРПИЈА

СРЕЌЕН ДЕН: НЕДЕЛА По неколку бурниот период следува уште по бурен! Подобро  би  било  да  се преиспитате себе си каде одите, што правите, со кого?.  И  вам  ви  треба  одмор.  Обидете  се  да не се нервирате. Ако направите добри проценки, можно е да успеете да излезете од напнатоста...

СТРЕЛЕЦ

СРЕЌЕН ДЕН: СРЕДА Ако изминатиот период ве потиснуваа проблеми и несвојствени ситуацииза вас, деновите што следуваат ќе ви бидат исполнети со многу љубов.На пат сте да запознаете една личност која ненадејно ќе се појавиво  вашиот  живот.  Бидете  претпазливи  во  вашите  проценки  и  намери.Усогласете ги вашите ставови и само напред!

ЈАРЕЦ

СРЕЌЕН ДЕН: ПОНЕДЕЛНИК Ве  мачат  некои  нерешени  работи  од  минатото.  Потребен  ви  е оптимизам.  Се  прашувате  каде  да  го  најдете?  Па  во  сите  убави работи  околу  себе  кои  не  ги  ни  приметувате,  а  се  од  суштинско значење  за  вашето  расположение.  Направите  баланс  помеѓу хармонијата и животот.

ВОДОЛИЈА

СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Ви претстои убав период. Ќе имате можност  да ги  реализирате вашитепланови и замислени идеи. Ќе добиете помош на професионален план одличност  од  која  најмалку  го  очекувате  тоа.  Ќе  зајакнете  во финансиска смисла. Љубовта нема да ве одмине и ќе уживате во неа итоа во секој миг!

РИБИ

СРЕЌЕН ДЕН: ПЕТОК Уживате во вашето спокојството! На работното место се случуваат некои големи турболенции, исто така е и во љубовта, а длабоко во васви е неописливо мирно. Но, потрудете се да ги усогласите работите и да размислите  за  нивната  вистинска  суштина.  Можеби  од  вас  зависи поставеноста на нештата кои ви се случуваат, а вие сте сепак мирни...