Исконските очила на Стил Меквин повторно во продажба: За мажи со бунтовен дуж

Кога станува збор за икони во машки стил, Стив Меквин дефинитивно ја носи титулата крал

Љубителот на мотори и авиони, изведуваше многу свои акробации самостојно, се дружеше со Френк Синатра и Брус Ли и им се додворуваше на убавиците како Али МекГроу и Лорен Хатон. Покрај сето тоа, тој секогаш знаеше да се облече. Неговите модни избори - од ролшли до шик чизми и троделниодела - секогаш претставуваат релевантни референци за машкиот стил. Од сите негови сорторијални победи, едно парче е дефинитивно синоним за неговиот стил - очилата за сонце „Персол 714“. Сега, тие конечно го добиваат легендарниот статус што го заслужуваат.

Основан во Италија во 1957 година, Персол го започна својот живот како производител на очила за пилоти и возачи на тркачки автомобили, па затоа, без сомнение, Меквин ги откри. Актерот претпочиташе модел со уникатен механизам што им овозможува да се свиткаат, така што тие совршено се вклопуваат во џебот. 

Персол беше скоро целосно непозната марка надвор од Италија, сè додека Меквин не ги прослави во „ The Thomas Crown Affair“,па по премиерата на филмот, нивната продажба масовно скокна. Очилата практично ја добија својата прва споредна улога во филмот.

Инаку, Меквин не само што ги изведуваше своите акробации сам, туку и самиот ги избра повеќето комбинации на сценска облека. Наводно, на првиот ден од снимањето, тој дошол со својот пар 714 очила, изгледајќи неверојатно кул, па продуцентите одлучиле дека мора да бидат дел од филмот. Парот, со рамки од Хавана и ледени сини стакла, беше една од многуте што Меквин ги носеше за време на неговата кариера, но и во приватниот живот. 

Иконскиот модел периодично добиваше нови пет минути слава низ годините, но од минатиот понеделник, стана постојана колекција. Покрај петте бои инспирирани од стилот на Меквин, новата палета вклучува и ултра луксузни, ограничени изданија со платинести очила.

Силниот, машки дизајн го отелотворува стилот и ставот на Меквин. Дури и без мотоцикли и торби полни со украдени пари, овие очила испуштаат бунтовен дух и припаѓаат на Алејата на големите, во која сега се наоѓаат.


Фото: Robb Report