Искористете ја сезоната: Оваа храна е одлична за пролетна детоксикација и имунитет

Модерната наука најде бројни докази кои ги поддржуваат древните верувања за лековитите ефекти на копривата, како богат извор на антиоксиданти кои го намалуваат бројот на слободните радикали во нашето тело.

Покрај тоа што се добар извор на калциум и други минерали кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од бубрежни заболувања, остеопороза и многу други сериозни состојби, листовите од коприва се исто така добар извор нa железо, магнезиум и калиум, витамин Ц и витамин А.

Листот од коприва корисен за намалување на воспалението и болките во зглобовите.

Научниците веруваат дека копривата може да помогне во контролата на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес.

Копривата одамна е омилена во народната медицина поради нејзината улога во борбата против сезонските алергии и други благи респираторни заболувања.

Листот од коприва може да биде ефикасен третман за одредени состојби на простатата, како што се бенигна хиперплазија на простатата, отекување на простатата.

Копривата е една од најстарите забележани билки за лекување и спречување на опаѓање на косата.

Копривата има природни адстрингентни својства и адстрингентите се одлични за лекување на кожни проблеми како што се мрсна кожа, сува, иритирана и воспалена кожа предизвикана од каснувања од инсекти, сипаници, па дури и егзема.

Foto:freepik