Искрено со моделот и готвач Мики Дичевски: Сфатив кој сум, каде сум, колку можам и колку вредам

Неговиот татко е познат готвач, а тој ја продолжуваа таа традиција. Но, уште една професија ја работи исто така успешно- манекенството. Мики Дичевски го остварува својот сон во светот на моделството и засега тоа го прави успешно. Зад себе има неколку фотосесии и ревии, но интересно е тоа што двете професии- и готвењето и манекенството ги работи паралелно, иако се сосема различни...

- Да бидам искрен, моделството ми дојде како еден можеби јавен сон кој како мал го сонував постојано. Ми се отворија многу врати, сето тоа ми дозволи да се искажам и да запознам многу луѓе, оние што ги гледав пред малите екрани, со тие денес соработувам... Така се запознав самиот со себе и сфатив кој сум, каде сум, колку можам и колку вредам- вели Мики.

Фото: Badstef

Неговата модна приказна започнала сосема случајно. Открива и една тајна- првично бил повикан да биде дел од едно реално шоу... По подолго размислување, сепак му се понудила друга опција, да биде дел од модната агенција Моделс Ин...

Фото: Badstef

- Се поврзав со Алек Наумовски од Моделс Ин и така започна приказната. Да бидам реален, јас од секогаш сакав да биднам дел од некој престижен настан како Евросонг, модни ревии и такви манифестации каде уметноста се искачува на врвот. Славата и парите некако одат заедно, но тие доаѓаат преку ноќ и си одат преку ноќ. Ова го правам од голема лјубов, од срце и душа, едноствано ова сум Јас, ова е уживање. Иако фотосесиите знаат да бидат напорни, сепак ако ти е желба и љубов... се‘ е пооедноствано- додава Дичевски.

За свој адут ја смета харизмата и позитивната енергија што ја поседува. Се смета себе си за многу позитивен човек и сака позитивни луѓе. Но, најмогу акцент става на неговите сини очи. Инаку, постојано вежба, внимава со што се храни и преферира здрав начин на живот.

Но, неговата матична работа е готвењето- кулинарството.

- Татко ми е 40 години професионален готвач, можеби се тоа гени кои се пренасаат... Јас уште од мал ја имав таа ѕвезда да станам.готвач. Се сеќавам дека многу готвев со него и сакав да.го гледам како спрема јадења, тој брз ритам во работата, адреналинот многу ме привлекуваа и кога од ништо ќе направиш нешто- се восхитував, и покрај него јас сум сега тоа што сум денес. Татко ми е мојот столб и поддршка која бескрајно ја ценам и почитувам и кој гордо стои покрај мене и многу ме бодри, подучува и многу често искрено ме критикува- потенцира Мики.

Гастрономијата е цела една наука и на нашиот соговорник му беше многу тешко да издвои некој рецепт кој го смета за омилен. Моментално во ресторанот каде што работи во Куманово спрема секојдневно различни специјалитети, најчесто оригинални:

- Моментално работам на ново мени каде има многу нови работи и многи вкусни, до сега неприкажани и оргинални јадења.  Се трудам да ги составам скромноста и оргиналноста кои се е мои одлики,  а  сето тоа да биде навистина префинето, вксусно и гостите да биднат задоволни. Гастрономијата е таква... Таму нема најдобар, тоа е игра без граници, но можеш да се играш, учиш, да се надоградуваш... Ако морам конкретно да одговорам, сакам да се спремам паста, Но ниту еден готвач не ја открива тајната на совршно приготвено јадење. Треба да се проба... завршува Дичевски.

Фото главна слика: IJK photography и Badstef

Н.Т.