ИСПИША ИСТОРИЈА: Емиратите ја избраа првата жена кандидат за астронаут

Фото: EMIRATES NEWS AGENCY / EPA

Како дел од забрзаните подготовки за освојување на вселената и диверзификација на нејзината економија преку вселенската програма, ОАЕ ја избра првата жена, која ќе биде испратена како кандидат за астронаут за обука во американската НАСА.


Државјанката на ОАЕ, Нора ал-Матруши е 27-годишен дипломиран машински инженер, моментално вработена во Националната градежна компанија за нафта.

Таа ќе се приклучи на годинашниот час на учесници во програмата на НАСА и кандидати за астронаути.


Со развивање на вселенската програма на ОАЕ, тие се обидуваат да развијат нови технолошки и научни можности и да ја намалат зависноста на нивната економија од експлоатација на нафта.


Извор: blic.rs

Видео: Твитер