Исповед: Мојата бивша им раскажа на сите мои пријатели за големината на мојата машкост

„Многу жени одбија да бидат интимни со мене поради ова“.

Неговата поранешна девојка им раскажа на сите нивни пријатели дека неговата „машкост е мала“, поради што му се разнишала самодовербата.

- Сега секој знае и навистина ми е непријатно. Избегнувам да гледам луѓе - вели млад човек (29) кој сакаше да остане анонимен, за српски Телеграф.

- Тешко е да се има секс со големината на мојот пенис. Многу жени затоа одбиваат да бидат интимни со мене. Една дури ми рече дека слушнала за мене.

Она што исто така ми пречи е што мојот најдобар пријател е многу надарен, па затоа често менува девојки. Тој едноставно може да ја има која сака.

Дали сум навистина толку под просекот и дали можам да направам нешто за да ја зголемам големината на гениталиите? Прашува тој.

Одговор: Сексуалниот чин не се рефлектира толку во големината, колку во информираноста, имагинацијата и грижата.

Нема сигурни начини за зголемување на големината, но тоа не значи дека нема да најдете љубов.

Вашата бивша се однесувала сурово и треба да се одделите од такви девојки. Не губи надеж. Вистинската љубов ќе дојде.

извор: Телеграф.рс

фото: Pixabay