Исповед на изреволтиран вработен од Институт за ФМР позитивен на коронавирус: Ако сме позитивни од COVID-19 не сме фрлени на пат

Вработен во Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје, кој бил тестиран позитивен на КОВИД-19, раскажа за пеколот низ којшто минува поради неажурноста и невниманието на институциите.
Имено Марио Илиоски - физиотерапевт, на 28ми март бил дијагностициран со позитивен тест, на 30-ти бил информиран официјално телефонски, без никаква писмена потврда, која секојдневно ја бара. Тој нема симптоми на коронавирусот.
„Изолацијата ја издржувам во стан во Скопје, сам, 25дена, терасата да не е, небо немаше да видам...“ - напиша Марио
Тој раскажа дека е затворен во карантин на 28-ми март, но му рекле дека карантинот му стартува од 30-ти, така извадиле налог. Иако требало да биде во карантин до 12-ти април, како што гласи решението, на 14-ти му направиле контролен ретест, за кој четири дена покасно добил резултат дека повторно е позитивен а, повторно без никаква потврда.

Тој се одлучи да ја раскаже неговата приказна бидејќи е изреволтиран од тоа што во јавноста едно се зборува, а сепак во реалноста не е така. Илиоски вели дека никој од надлежните му се нема јавено да праша како е, дали му треба нешто, ниту полиција го има исконтролирано, иако се вели дека позитивните на коронавирус ги контролираат и контактираат по телефон.

Неговиот статус во целост: