Исповед на маж кој преживеал мајмунски сипаници: Не можев да ја голтнам плунката, цело време плачев, мислев дека ќе умрам!
Еден човек од Лондон, кој бил во болница со недели, раскажа за неговите застрашувачки симптоми на мајмунска сипаница поради кои мислел дека ќе умре
Харун Тулунаи, 35-годишен хуманитарен работник, бил изолиран сам во болничка соба за време на застрашувачкиот период на неизвесност за него.
Жителот на Шоредич вели дека првичните симптоми на треска, за која мислел дека е „Ковид-19“, го поттикнале да се тестира. Сепак, резултатот од Ковид-19 бил негативен и неговата температура ескалирала до максимални 39,7 степени.
Тој за MyLondon изјави: „Кога температурата не ми се намали една недела, моите пријатели станаа многу загрижени и затоа се јавив на 111. Се јавував пет или шест пати кога температурата ми беше висока и секој пат им ги кажував симптомите што ги чувствував.
„Во еден момент мојата температура беше толку висока што се онесвестив и не можев да се движам. Ми ги поставуваа истите прашања одново и одново – одговорите беа секогаш исти“.
„Тие рекоа „ако стане полошо јави ни се“ и секој пат кога ќе се влошев следниот ден и ќе им се јавав, одговорот беше ист“.
Кога на крајот бил тестиран за мајмунска сипаница, тој рече дека „не виделе случај како (неговиот) порано“ и дека неговите „симптоми не се исти што ги виделе кај другите луѓе“.
Харун само сакал да открие што не е во ред со него, велејќи: „Само сакав да знам што се случува со мене и што можеме да направиме, не сакав да умрам од висока температура“.
„Откако бев во собата за итни случаи, ги чекав резултатите и почнав да се грижам. Целосно сум сам во Велика Британија, немам никој овде“.
„Не можев да си ја голтам плунката, да пијам или да јадам, а на сестра ми ѝ плачев по телефон дека сум сам, дури ни Итната помош не ме слушаше“.
„Таа беше вознемирена кога слушна колку сум лошо и ме договори да одам во Кралската болница во Лондон во петок на 24 јуни -пред 11 дена - и така моето патување започна.
Тој заклучи: „Го имав најлошото искуство досега во последните неколку недели, полошо од Ковид, а го имав двапати.
„Сакав да ја споделам мојата приказна за да ги едуцирам луѓето и да го нормализирам разговорот околу мајмунските сипаници. Мојот случај е навистина редок - личноста што ми го пренесе ова беше многу „заразна“.
„Лезијата беше толку голема и страшна што плачев мислејќи дека ќе остави лузна, страшно е да се разбудиш ноќе сам треперејќи и да си сам во изолирана просторија не знаејќи дали лековите што ти ги даваат ќе делуваат или кога ќе ти исчезне лезијата.
Фото: Инстаграм