Исповед на жиголо од Блаканот: Ниту сум убав, ниту образован, земам 500 евра за НОЌ, а еве како една жена ме вовлече во приказната
26-годишен млад човек од
Србија кој работи како жиголо ја сподели својата шокантна исповед на
интернет
Како што сподели, неколку години се занимава со проституција, а од ноќ заработува и до 500 евра.
-Последниве неколку години работам како жиголо. Имам 26 години и никој не знае што правам. Од ноќ земам 500 евра и тоа во Србија – изјави човекот.
Дополнително изненадува фактот што жените помлади од 30 години најчесто плаќаат за неговите „услуги“.
- Немој да мислите дека сум само со баби. Нив, во таа приказна ги има најмалку. Имав повеќе девојки помлади од 30 години. А жените од 60 и повеќе години изгледаат подобро од двојно помладите. И сите ми платија за море, ми финансираа се живо. Едната дури ми даде стан на користење за да не платам ништо, а таа сепак ми дава убава сума месечно - изјави младиот човек.
Тој додава дека минатото лето за 10 дена заработил неверојатни 12.000 евра.
- Минатото лето за 10 дена заработив 12.000 евра само затоа што отидов на море со една госпоѓа и таа ги сноси сите трошоци. Не сум нешто убав, ниту нешто образован, една жена ме воведе во приказната. Таа ми плати 500 евра за ноќ и ми се допадна тоа. Работев за 300 евра месечно - ја завршува својата исповед младиот човек.
фото: фреепик