Ист Гејт Мол со добар пример за заштеда на електрична енергија

ИСТ ГЕЈТ МОЛ како одговорна компанија презема активности кои се во насока на рационализацијата на потрошувачката на електрична енергија и пред и по донесувањето на мерките од страна на Владата.

Компанијата почнувајќи од 18-ти август 2022 година секојдневно по завршување на работното време ќе го исклучува декоративното осветлување на фасадата на трговскиот центар, со исклучок на ЛЕД екранот заради техничките карактеристики.

Извршниот директор на Ист Гејт Мол, Игор Давков изјави ,,Трговскиот центар веќе има направено рационализација на внатрешното осветлување со вградување на сензори за движење и со исклучување на дел од јавните коридори од осветлување во периодите кога има дневна светлина, и исто така користи последна генерација на ВРФ систем за ладење и греење кој има висока енергетска класа која овозможуваат ладење и греење на објектот со исклучително економична потрошувачка на електрична енергија, а сите стаклени површини се со соодветен термички карактеристики кои овозможуваат рационализирање на потребите пред се во зимски услови кога има потреба од загревање на просторот. Во делот на инвестициите за користење на обновливи извори на енергија, компанијата работи на избор на најповолно решение за инсталирање на систем на фото волтаици на кровната конструкција. Според техничките проценки на проектантите, трговскиот центар ќе може да ја замени сегашната потрошувачка за електрична енергија за осветлување на трговскиот центар со овој систем. Оваа инвестиција според нашите иницијални проценки ќе изнесува 800.000 евра и ќе се реализира во 2023 година.” 

Имајќи ги предвид потенцијалите за обновлива енергија на нашето поднебје ја користиме оваа можност да упатиме апел до администрацијата за поедноставување на административните процедури поврзани со добивање на одобренија и дозволи за инсталирање на системи преку кои деловните субјекти ќе можат да ги користат потенцијалите на природата и се повеќе да инвестираат во технологии со кои делумно или целосно ќе направат транзиција кон користење на обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка.

Ист Гејт Мол е најголемиот трговски центар од последната генерација на трговски центри во земјата, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување. 


ПР објава