Историја за Еурофарм Пелистер, настап на Ф4 во СЕХА
Еурофарм Пелистер, со огромна поддршка на навичите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, запиша победа против Мешков Брест со 27:26 и тоа по пеналите (во регуларните 60 минути беше 23:23), со овој резултат, стигна до историја и премиерен настап на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата на Фајнл 4.
Битолчани во полуфиналето , ќе играат со Веспрем на 2 септември.
„Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлично во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи“ - рече тренерот Ларс Валтер .