Истражувањe: Патувањата нѐ прават најсреќни
Иако, добивањето подароци и работи не’ прави среќни, ништо не делува толку ефективно врз нашиот мозок како патување на некое место..
Научниците од
Корнвел Универзитетот одлучија да ни откријат што е тоа што ги прави луѓето
најсреќни. Тие се обидуваа да утврдат колку се луѓето среќни кога ќе си купат
нешто ново или ќе добијат подарок. Истражувањата покажале дека таквите
случувања предизвикуваат огромно чувство на среќа, но тоа чувство не е
долготрајно, што по одреден период исчезнува. Сето ова ги доведува луѓето
константно да мораат да си купуваат нови работи, за да го задржат тоа исто
чувство на среќа.
Меѓутоа постои една работа која го покажа вистинскиот најголем предизвикувач на среќа кај луѓето, а тоа е ПАТУВАЊЕТО.
Истражувачите откриле дека чувството на среќа кое се создава кога одите некаде на патување е неверојатно големо и дека неговиот интензитет е се поголем, доколку посетите места кои порано сте ги сметале за недостижни. Сепак, она што е најважно заклучено е дека таа среќа после патувањето не исчезнува, туку го исполнува човекот до крајот на животот.
Секое ваше патување длабоко се вметнува во вашите сеќавања, што значи дека ќе се сеќавате на него уште многу години унапред и секогаш одново ќе ја чувствувате истата среќа.
Ако сакате да бидете среќни и насмеани, тогаш започнете да патувате и ќе видите дека животот ќе ви се подобри. Ако немате многу пари и не можете да отпатувате во некоја далечна земја, започнете од Македонија, бидејќи и нашата земја крие преубави и малку познати места, кои изгледаат како нестварни.