Ив Сен Лоран со два нови машки парфеми: Најтемната и најзаводлива верзија

Доаѓаат два нови парфеми ...

Миризливиот асортиман Ив Сен Лоран  Beaute беше прв пат претставен во 2006 година. Оваа година францускиот бренд го претстави најновиот додаток на колекцијата, опишан како најсофистициран израз на заведување. Претставување на новите парфеми „L’Homme Le Parfum“ и „La Nuit De L’Homme Le Parfum“.

L'Homme Le Parfum се отвора со ноти од озон и лимон, а потоа продолжува да ги напаѓа нашите сетила со допири на нане и виолетови лисја, пред да ја открие сензуалната база на кедар, ветивер, амброксан и кашмирско дрво.

La Nuit De L’Homme, Ле Парфум е најтемната и најзаводлива верзија на сензуалните зачини. Има дрвен ориентален мирис со акценти на црн пипер и ветивер.