,

Ивана Стаменковска, македонската јога бомба: Млада, успешна и секси

“Да, се чувствувам секси“- вели за Машки магазин, јога инструкторката и инфлуенсерка Ивана Стаменковска. Таа на својот Инстаграм профил има над 30 илјади следачи.

„Спонтано ги собрав следачите. Почнав да постирам дел од тоа што го правам во текот на денот. Тоа ми беше интересно мене, но очигледно им е интересно и на моите следачи. На Инстаграм поминувам време како и секој друг, нормално“, споделува јога инструкторката.

Ивана е 25 годишна девојка, студент по ветерина, но истовремено и јога инструктор. Исто така, за себе вели дека е и фитнес ентузијаст.

„Јогата ми е дел од секојдневието веќе 5 години. Вежбам сама, но и држам часови. Посебен совет немам. Единствено ве советувам да и дадете шанса на јогата и да посетите барем еден час. Никогаш не знаете каде можете да се пронајдете, а и немате што да загубите“, истакнува оваа убавица со совршено тело.

Според неа, без разлика дали сте од посилниот пол или сте дама, вежбањето јога му годи на секое тело.

За Машки магазин таа вели дека во Скопје недостасува забавна музика. Периодов посетила неколку клубови во кои се пуштело транс, хаус и балканска музика, но таа не се пронаоѓа во ваквиот тип на музика за да може да танцува.

Во иднина, се гледа онаму, каде што ќе биде среќна.

Н.М.

Фото на насловна: Creative.photography.mk