Избезумен маж очајно бара помош: „Ѝ предложив отворен брак на сопругата и сега се каам поради тоа“ |
Триесет и четири годишен маж признал дека тогаш таа одлука ја сметал за добра идеја бидејќи во неа гледал можност за возбуда и нови искуства во нивната врска. Но, на крајот тој го извлекол „подебелиот“ крај
Човекот кој го иницираше отворениот брак сега се предомислува, бидејќи станал многу љубоморен откако видел како неговата сопруга е воодушевена што оди на одмор со другата личност во која била заљубена.
Анонимен маж (34) се пожалил на форумот r/Confessions Reddit и напишал дека тој и неговата 35-годишна сопруга одлучиле да имаат отворен брак.
Но, љубомората и чувството на „грч“ во стомакот, како што изјавил, му го искомплицирале животот.
Од друга страна, неговата сопруга ужива бидејќи е прилично промискуитетна.
Тој призна дека тогаш тој чекор го сметал за добра идеја, бидејќи мислел дека тоа е патот до некои нови искуства, но сето тоа на крајот му се „одбило“ од глава.
- Мојата сопруга беше прилично промискуитетна, запознаваше неколку нови партнери и често излегуваше на состаноци. Отпрвин се обидов да поставам граници, како да барам од неа да биде транспарентна за нејзините средби и да избегнува да внесе некого во нашиот дом. Но, и покрај тие граници, не можам да ја поднесам помислата дека таа е со некој друг“, напиша тој.
- Секогаш кога ќе излезе, ми се гади. Кога се враќа, изразот на возбуда и задоволство на нејзиното лице едноставно ме уништува – изјавил тој.
Мажот рече дека се обидел да ја поддржи својата сопруга во нејзината новооткриена слобода, но рече дека помислата на неа со другите – „го излудува“.
Неодамна, сопругата дури отиде на викенд патување со некој што го запознала преку Интернет.
- Беше толку возбудена поради тоа и можев да видам колку се радуваше на тоа. Таа замина и јас бев во кома цел викенд. Не можев да се фокусирам на ништо и само ги замислував најлошите сценарија. Кога се врати, таа блескаше, зборувајќи за тоа колку е одлично патувањето. Тоа беше нож во моето срце – истакна тој.
На крајот на краиштата, тој сака да разговара со сопругата и да побара развод, но е загрижен како ќе реагира партнерката.
Луѓето на форумот мислат дека овој брак е завршен. па го советуваат, оти тој е иницијатор за врски надвор од бракот, да разговара и да најдат решение или да се разделат.
Фото: Фрипик