Забава // Занимливости
Изгор- Повторно нов топол бран: Еве какво време не очекува викендов
- 27 Јули, 2024
За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов топол бран од Африка, но истиот ќе биде со нешто помал интензитет за разлика од минатиот кога беше екстремно топло, вели метеорологот Славчо Попоски.
Тој вели дека температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.