Излезе видео од силувачот: Погледнете како Мика Алексиќ ментално малтретира деца, им вели дека се глупи, дебели...
Одамна имал чуден, неопислив карактер...
Српскиот актер Мика Алексиќ, професор по глума, низ чија школа поминаа многу актери, па дури и некои многу познати актери како Никола Којо, Никола Ѓуричко, Катарина Радивојевиќ ... веќе и е познто на јавноста дека е обвинет за силување на неколку девојки, од кои најпозната е Милена Радуловиќ.
Радуловиќ ја отвори „Пандорината кутија“ со храбро излегување во јавноста и раскажување на ужасите што ги доживеа во училиштето на Алексиќ.
После неа се јавија и некои други девојки, кои решија да ја прекинат тишината и да разговараат за ужасите низ кои поминаа.
Се појави и видео, каде Алексиќ психички малтретира деца, кажувајќи им дека се глупи, дебели...
Според сведочењето на жртвите, тој го поставил својот авторитет пред децата дури и над нивните родители, што е малку бизарно во неговата приказна.
Погледнете го видеото и проценете сè сами.