Излезете на улица: Навални од притвор ги повика Русите на протести
Рускиот суд му одреди
мерка притвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални до понеделник (15
февруари), кој пак ги повика Русите да „излезат на улица“ и да протестираат
против владата.
„На Алексеј Навални му е одреден притвор во траење од 30 дена, до 15 февруари“, објави на Твитер неговиот адвокат Вадим Кобзев. Веднаш по таа одлука беше објавено видео во кое лидерот на опозицијата ги повикува Русите во судницата да ја преместат борбата на опозицијата на улица.
"Овие разбојници (на власт), тоа добро го знаете, најмногу се плашат од луѓето што излегуваат на улица. Затоа, не плашете се, излезете на улица, не за мене, туку за вашата иднина", рече тој во видеото снимено во судницата и објавено на социјалните мрежи.
Неговиот најблизок соработник Леонид Волков веднаш објави на Твитер дека екипите на Навални „почнуваат да се подготвуваат за големи протести низ целата земја на 23 јануари“.
Харизматичен борец против корупција и најголем критичар на Кремљ, Навални (44) го обвинува претседателот Владимир Путин дека во август наредил негов атентат со отров, што Русија го негираше. Навални го преживеа труењето и помина пет месеци на лекување во Германија.
Во неделата, лидерот на опозицијата се врати во Москва, каде веднаш беше уапсен врз основа на одлука на московската затворска служба, која тврди дека ги прекршил мерките за надзор, заминувајќи на лекување во странство. Навални на притворот и својата својата позиција ја опиша вака: „Се обидовме да ве убиеме, вие преживеавте и нè навредивте, па ќе одите во затвор“.
Фото: screenshot Twitter