Измама на векот: Мислел дека купил луксузна вила за малку пари, еве што добил
Станува збор за имоти кои се продаваат на лицитација, бидејќи на сопствениците им биле одземени поради неплаќање данок
Маж од Флорида мислел дека „му паднала лажицата в мед“, кога пред неколку години купил вила чија вистинска вредност е 177.000 долари за само 9.000 американски долари.
Имотот се наоѓа во близина на Мајами, а е еден од оние што се продаваат на аукција, бидејќи им биле одземени на сопствениците поради неплаќање данок.
Меѓутоа, купувачот набрзо откако ја купил куќата доживеал непријатно изненадување: имено, сфатил дека за споменатата сума пари всушност купил линија тревници широки 30 сантиметри и долги 30 метри, кои вредат само 50 долари.
Сепак, тој платил 180 пати повеќе.
Дел од него, да го наречеме „земјиште“, се протега само од поштенското сандаче - преку ѕидот на две поврзани гаражи - до дворот на вилата.
И покрај тоа што купувачот на вилата тврди дека бил измамен, надлежните велат дека се е направено според законот и дека не можат да му ги вратат парите.
- Тоа беше измама. Никаде не беше посочено дека се работи за линија која минува меѓу две вили, иако имаа алатки да го покажат тоа - изјави Кервил Холнес.
Погледнете на втората фотографија што всушност купил - со црвено е означено.
По овој пех, властите издадоа предупредување до сите кои учествуваат на онлајн аукции. Меѓутоа, Холенс не беше единствениот кој сакал да ја купи земјата; уште три лица дадоа своите понуди.
Фото: Google Street View