Измамници „урнисаа“ казино во Франција: Еве со каков неверојатен трик зеле 200.000 евра на покер
Француската полиција соопштува дека уапсила двајца мажи, 37-годишен Литван и 63-годишен Украинец, осомничени дека во казино во Анжиен-ле-Бен „заработиле“ 200.000 евра.
Акцијата била спроведена ноќта на 28 јули додека уживале во популарно одморалиште, а властите тврдат дека претходно добиле пријава за сомнителна активност и една недела ги набљудувале осомничените.
Шефот на Централната служба за игри, Стефан Пијала, вели дека методот што го користеле уапсените е „непознат во Франција и едвај документиран во Европа“.
Се сомневаат дека користеле две минијатурни камери, кои биле користени за снимање на дилерите како мешаат карти во покер и блек џек.
Едната била скриен во телефонот, а другата под кошулата, а видео сигналот директно бил пренесен на уредот на нивниот соучесник кој чекал надвор од казиното, се тврди.
Ги проверувал картите и им давал инструкции на придружниците како да играат (наводно носел минијатурни слушалки), пишува Дејли мејл.
Истражителите веруваат дека на ист начин ограбиле повеќе казина низ Стариот континент.
„Тие се искусни коцкари, а не хулигани, дилери на дрога или макроа. Јасно е дека тие се специјализирани за овој вид криминал. Изгледа ја обиколија државата, земаа пари во казина и продолжија понатаму“, рече Стефан Пијала.
Властите истражуваат дали уапсените се дел од криминална банда која „заработила“ огромни суми пари во европските казина благодарение на неверојатен трик. Милиони се во прашање.
Уапсените немале никаво досие во полиција, а при претрес на нивните хотелски соби биле откриени неколку лажни лични карти и казино картички, се наведува.
Уапсените се соочуваат со сериозни обвиненија за измама, а истражителите се обидуваат да идентификуваат други членови на организацијата. Покрај тоа, тие трагаат и по соучесникот кој успеал да побегне. Патот на парите не непознат засега.
Сега разбираме како функционираат и можеме да ги предупредиме казината да преземат одредени мерки и да спречат понатамошни измами“, заклучува Пијала.