Извршна МБА програма од светски ранг на Сити Колеџот во Солун

МБА дипломата е одлична предност за лицата кои бараат кариера во светот на бизнисот, корисна е за сите оние кои се на позиции во бизнисот и менаџментот, а особено за професионалците кои имаат извршна и раководна позиција. Секако, изборот на вистинската МБА програма е клучната одлука.

Сити Колеџот во Солун нуди уникатна образовна можност за денешните деловни лица и професионалци, извршната МБА програма од универзитет од светска класа. Оваа академска програма, освен во Солун, Факултетот ја нуди и на други локации низ Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот Кавказ, согласно флексибилноста на професионалцитеи студентите од регионот. Извршната МБА е иновативна програма дизајнирана за денешните менаџери кои треба да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален и личен напредок. Учесниците ги збогатуваат своите искуства и споделуваат најдобри практики со луѓе од други култури, земји и индустрии. Секоја година врвни менаџери од водечки компании од Југоисточна и Источна Европа се дел од оваа програма. Поради флексибилниот режим на предавања (за време на викенд, еднаш во месецот), деловните луѓе не треба да се откажат од својата позиција или да ги прекинат своите кариери за да студираат.

Голем број деловни професионалци од нашата држава со години ја избираат Извршната МБА програма во Солун како дел од нивната доквалификација. Денес тие се на врвни позиции во големи компании и организации во приватниот, како и во јавниот сектор, формирајќи силна заедница на дипломци.

Студентите имаат можност да изберат и да се специјализираат во еден од шесте достапни смерови, МБА во генерален менаџмент, МБА во маркетинг, МБА во финансии, МБА во логистика, МБА во управување со здравството или МБА во управување со човечки ресурси.

Извршната МБА програма на Сити Колеџ е акредитирана од страна на Здружението на МБА (AMBA), од AACSB и од Овластениот институт за менаџмент (Chartered Management Institute). Програмата е, исто така акредитирана и признаена од страна на Британскиот совет за акредитација (BAC) и Националниот информативен центар за академско признавање (UK NARIC). Денес, извршната МБА се нуди во 8 различни земји - Солун (Грција), Софија (Бугарија), Белград (Србија), Букурешт (Романија), Баку (Азербејџан), Киев (Украина), Ереван (Ерменија) и Тбилиси (Грузија).


Извршната МБА програма на Сити Колеџ има сеопфатен пристап кон образованието, обезбедувајќи широко разбирање на деловните и менаџмент концептите, со силен фокус на формулирање и извршување на деловната стратегија.

Веќе дипломираните студенти на извршната програма добиваат МБА диплома од Универзитетот Шефилд и дополнително може да ја добијат престижната Диплома за стратешко управување и лидерство, ниво 7 од Овластениот институт за менаџмент (CMI), без дополнителни часови или испити.

Борис Трајковски МБА програмата за стипендии која е ко-основана од Сити Колеџ и Владата на државата, веќе долги години им дава можност на кандидатите да студираат за МБА диплома од Универзитетот Шефилд во Солун, со цел промовирање и поддршка на извршното образование.

Повеќе информации за холистичкиот пристап на програмата се достапни на следниот линк.