Ја егзекутираа Лиза Монтгомери, прво погубување на жена во САД после 70 години

Иако адвокатскиот тим на Лиза Монтгомери бараше помилување за фактот дека таа го сторила злосторството поради траумите од нејзиното детство во кое била малтретирана и жртва на непрекинато силување на нејзиниот очув и неговите пријатели и побара смртната казна да биде заменета со доживотен затвор, сепак ја егзекутираа.

Имено,  Лиса Монтгомери е прва жена по речиси седум децении (од 1953 година) врз која е извршена смртна пресуда. Монтгомери (52) беше осудена во Мисури во 2007 година за киднапирање и убиство на Боби Стинет, жена во осмиот месец од бременоста, чие бебе Лиса ѝ го извадила од матката. Детето преживеало.

Претседателот Трамп одбил да ја помилува. Егзекуцијата е извршена во затвор во сојузната држава Индијана