Ја гледате Витни Хјустон- неприкосновена: Куриозитет за песната „I will always love you“
Витни Хјустон освои 11 награди за песната „I will always love you“ од филмот „The Bodyguard“.
Помалку е познато дека оваа песна е прва во историјата која 3 пати се најде на врвот на Билборд топ листите. Тоа е единствената песна која двапати била на првото место, првиот пат во изведба на кантри пејачката - Доли Партон, која ја напиша истата песна и ја изведуваше.
Доли ги напиша „Секогаш ќе те сакам“ и „Џолин“ во истата вечер во 1973 година. После тоа, многумина неуспешно се обидоа да ја купат песната, меѓу кои и Елвис Присли. Доли никогаш не се согласи на тоа.
Кога песната ја снимила Витни Хјустон, Доли не знаела за тоа. Таа верзија првпат ја слушнала на радио во автомобил. Кога сфатила дека ја слуша нејзината песна, Доли рекла дека нејзиното срце почнало да забрзува и дека морала да се паркира бидејќи не можела да вози. Сепак, толку многу и се допадна верзијата на Витни Хјустон што неколку години подоцна изјави дека го смета за нејзино најголемо достигнување и дека најмногу се гордее со тоа во животот.