Ја има на секој чекор во Македонија, луѓето ја газат и не знаат колку оваа билка е лековита

Тегавецот е доста популарна билка скоро на секој чекор. Постојат над двесте видови, но најчесто го среќаваме оној чии лисја се рамни и широки, цветот му е мал и нанижан како плетенка.

Тегавецот е поделен на машки лисја кои се тесни и женски лисја широки. Можете да го најдете на скоро секоја тревна област, во населени места, дворови, ливади, шуми, пасишта и така натаму. Сепак, она што многумина не го знаат е колку е здрава таа билка всушност.

Примената на тегавецот е многу широка. Се користи како храна, за салати, како додаток на намази, како чај и сируп, но е попознат како мал медицински сојузник. Иако е кревка билка по изглед, ова растение има многу лековити својства. Листот од тегавец содржи танин, пектин, лимонска киселина, фитонциди против бактерии и витамин Ц во големи количини.

Против кашлица, астма

Тегавецот е одличен лек за кашлање, пулмонална астма, па дури и туберкулоза. Покрај тоа, ова лековито растение ги чисти крвта, белите дробови и желудникот, па затоа е добро за сите луѓе кои се анемични или имаат лоша крв, слаби бели дробови и бубрези, за оние кои немаат апетит.

Тегавецот исто така е одличен за лекување на сите видови рани, гребнатини, исекотини, убоди од оси, каснувања. Ако ставите лист од тегавец во чевлите, ќе излечите плускавци, а во фитокозметиката, сокот од тегавец е познат како ефикасно средство за отстранување на акните и мозолчињата.

Варење и чир на желудник

Ова сигурно лечи чиреви на желудникот и дуоденумот. Пробано многу пати. Тегавецот (големо плантаго) е исклучително лековито растение. Меленото полесно се вари и ги ослободува сите сокови што се добри за организмот.

Сок од тегавец, состојки за една личност:

-300 гр лисја од тегавец

-кг ливадски мед

Времето потребно за подготовка на овој лек е околу 30 минути. Измијте ги листовите од тегавецот и оставете ги на хартиена крпа да се исушат. Мелете ги во мелница за месо. Се меша со ливадскиот мед во тегла и се остава да отстои преку ноќ. 

Лековити својства на растението:

Може да се користи за лекување на: чиреви, кашлица, зараснување на рани. Кога станува збор за рани, се препорачува, особено за дијабетичари, да го измешате со куркума во прав и да го завиткате со завој. Тегавецот е добра билка и доколку имате недостаток на енергија и постојано сте поспани.


Фото: Youtube - srceenshoot

Извор: Најжена