Ја изгубил невиноста со неа: „Мерилин Монро ме научи да бидам вистински маж “
Актерот Џани Русо, кој стана познат по улогата во култниот филм „Кум“, тврди дека на 15-годишна возраст ја изгубил невиноста со холивудската икона Мерилин Монро и тоа во нејзината када.
Мерилин во тоа време била речиси двојно постара од него, имала 33 години. Актерот тврди дека двајцата останале во близок контакт сè до нејзината смрт на 36-годишна возраст во 1962 година.
Во едно интервју за магазинот „The Sun“ во неговиот стан во Њујорк, 75-годишниот актер изјави: „Марлон Брандо беше мојот единствен учител за глума, а Френк Синатра беше единствениот кој ме учеше да пеам, додека Мерилин Монро ме научи да бидам вистински маж“.
„Таа ме научи сè што знам“, изјави тој. „Мислев дека сум најсреќното момче на светот, но ако сето тоа се случеше денес, мислам дека Мерлин ќе беше уапсена и моите родители ќе сакаа да заработат пари од неа“.
Сепак, тој вели дека тоа било неговото најубаво искуство. „Дали сум вознемирен? Не. Имав секс со најголемиот секс симбол и најпосакуваната американска филмска ѕвезда“.
Русо опиша и како се запознале со Мерлин Монро, додека тој работел во еден фризерски салон во Њујорк.
„Доаѓаше често и секогаш ме прашуваше да и ја измијам косата“, објасни тој. „Мерилин беше премногу пријателски настроена. После неколку нејзини доаѓања во салонот, го надминав чувството на филмска ѕвезда и ја гледав како обична личност, додуша со феноменално тело “.
По некое време, еден од советниците на Мерилин го повикал Русо во хотелот „Валдорф“, каде што престојувала она.
„Мислев дека најверојатно ме повикала за да помогнам со нејзината коса. Мерилин беше сама во раскошен стан со огромна тераса, но целото место изгледаше катастрофално. Облеката и беше расфрлена насекаде, нечисти садови стоеја на троседот. Креветот не беше наместен, а таа изгледаше како бездомник без шминка. Беше завиткана во бел пешкир и имаше шише шампањ во раката“.
Таа му понудила чаша шампањ, пред да го фрли пешкирот и го поканила да и ’се придружи во бањата.
„Моето срце чукаше. Како идиот, си ги покрив очите, а Мерлин се смееше. Почнав да се соблекувам, молејќи се да не се сопнам од пантолоните и да не паднам на задникот, а потоа влегов во кадата “, изјави Русо.
"Ќе бидам искрен. Немав идеја што треба да правам или што се очекуваше од мене. Останавме во кревет цел викенд, излегувавме само по потреба.“
Русо вели дека дури во понеделникот се вратил во реалноста кога заминал на работа, но не кажал никому, и не затоа што бил џентлмен, туку затоа што никој не би му поверувал. Тој вели дека нивната врска продолжила, но дека останала да биде тајна.