Ја копал земјата, па случајно открил нешто неверојатно: Вреди цело богатство - работникот не знаел што нашол

Вистинско изненадување

Византиски мозаик на подот на кој се прикажани различни разнобојни птици и други животни бил случајно откриен во Газа, откако палестински овоштар се обидел да засади нови дрвја на својата земја.

Салман ал Набахин, обидувајќи се да открие зошто некои маслинки не пуштиле корен како што треба, почнал да ја копа почвата со својот син. Потоа, како што изјави за медиумите, секирата на неговиот син удрила на „нешто тешко и непознато“.

- Барав на интернет... Дознавме дека се работи за мозаик од византиската ера. Јас тоа го гледам како богатство, се разбира, не лично, подраго ми е од богатство - изјави таткото на седум деца.

Министерство за туризам и антиквитети на Палестина соопшти дека „подиумот вклучува неколку мозаични панели на кои се прикажани животни и различни сцени карактеристични за општествениот живот за време на византиската ера“.

- Археолошкото откритие се‘ уште е во рана фаза и чекаме да дознаеме повеќе за тајните и цивилизациските вредности - се наведува во соопштението на Министерството. Националните истражувачки тимови работат во партнерство со меѓународни експерти и научници од Француската школа за археологија.


Како локалитет, Газа е богата со антиквитети, бидејќи била важен трговски центар за цивилизациите кои датираат од античките Египќани и Филистејци опишани во Библијата, сè до Римската империја и Крстоносните војни.

Во последниве години беа објавени неколку значајни откритија. Но, поради недостиг на средства и релевантни експерти, меѓународните групи експерти помагаат во процесот на ископување и зачувување.


Фото и Видео: Youtube