Ја направи најмалата куќа на светот: Во само 7 квадратни метри, има сѐ - ќе бидете воодушевени кога ќе погледнете внатре (ФОТО)
Како можете да го организирате вашиот живот во само неколку квадратни метри, покажува примерот на архитектот и дизајнер Марко Пиерација, сопственикот на најмалата куќа во Италија!
Неговата куќа, имено, има само седум квадратни метри.
Неговиот дом е изграден во 1700 година. Тој го купил од опатијата Свети Петар. Изгледал како вистински кошмар. Дрвените греди изгниени, гипсот од ѕидовите срушен на подот, со еден збор, како да не бил поправен од времето кога бил изграден.
Приказната за најмалата куќа во Италија беше актуелна во 2014 година, но, колку што знаеме, рекордот се држи и ден денес. Иако е толку мала, неговите модерни решенија го прават најкреативен и елегантен мал дом. Идејата на Марк била да се искористи висината на куќата. Така, трпезаријата, кујната и бањата се сместени во 7 квадратни метри, а спалната соба е во галеријата.
Скалите што водат кон спалната имаат уште две цели, бидејќи висината на скалите се одредува според потребната висина за поткровјето, но и висината на скалите за седење на мала маса покрај нив, на која може да седат три, па дури и четири лица. Кога масата не е во употреба, таа може да се обеси на ѕидот и со тоа да заштеди дел од просторот.
Просторот под скалите се користи за полици и бања, што е доволно комфорно и за туш. На таванот има и „таванска врата“ што може да се спушти ноќе за да не падне некој по скалите.
Креветот може да се претвори во софа, а потоа спалната соба со телевизорот закачен на ѕидот ја добива улогата на дневната соба. Проблемот со куферите тој го реши со поставување кука над влезната врата.
(Извор: Телеграф / lacasapiupiccoladitalia.com)