Ја преживеаја ерупцијата на вулканот: Татко и ќерка со сведоштво

Еден од туристите кои го напуштиле островот во Нов Зеланд каде што се случи трагедија по ерупција на вулканот, бил Џеф Хопкинс кој раскажал дека никогаш нема да ги заборави криковите на повредените луѓе.

-Земете ме. Горам. Запален сум- се сеќава Хопкинс како викала една од жртвите.

Екипажот одлучил да се вратат и да му помогнат.

Бродот на кој бил Хопкинс го напуштил Белиот остров малку пред ерупцијата која се случила во понеделникот. На островот тогаш останале четириесет и седум лица.

Набрзо по ерупцијата, екипажот на бродот одлучила да се вратат до островот и да им помогнат на повредените.

-Видовме луѓе во водата како пливаат што подалеку од островот-раскажал Хопкинс за СиЕнЕн.

-Им паѓаше кожата, им висеше од брадата, прстите...-

Џеф бил на излет со својата ќерка Лилани кога се случила ерупцијата.

-Доведоа 23 лица на бродот кои имаа ужасни изгореници-рекол тој.

-Многу луѓе носеа кратки панталони и блузи на кратки ракави така што им беа изгорени лицата, нозете, рацете. Им паѓаше кожата, им висеше од брадата, прстите. Од лактовите, додал Хопкинс.

Екипажот од бродот на компанија од Белиот остров Турс, очајнички ги замолила сите туристи со медицинско познавање да помогнат. Хопкинс и неговата ќерка поминале обука за прва помош и тргнале да им помагаат на жртвите.