Ја распарчил и сомелил Кристина, а злосторството темелно го испланирал! Резултатите од обдукцијата открија страшни детали

Објавени се деталите од обдукцијата на финалистката на Мис Швајцарија, Кристина Јоксимовиќ (38), чиј сопруг Томас (41) ја задавил, а потоа целосно го масакрирал нејзиното тело во обид да ги прикрие доказите за убиството.

Телото на манекенката беше пронајдено во февруари во Бининген, во близина на Базел, Швајцарија. Истрагата заклучи дека зад вознемирувачкиот случај стојат „конкретни индиции за ментална болест“.

Во судските документи до кои ексклузивно дојде Дејли Меил се наведува дека причина за смртта е давење, но таа имала и знаци на траума од насилство. Забележани се исекотини на образот, под веѓата и носот, заедно со неколку модринки на нозете и задниот дел од главата. Дел од косата ѝ бил изваден.

Ја отсекол главата, а потоа ѝ го распарчил телото.

По нејзината смрт, според британскиот таблоид, тој ѝ ја отсекол главата и ѝ го распарчил телото со пила, нож и градинарски ножици. Тој ги скршил зглобовите на колковите, надлактиците, подлактиците и десната потколеница од приклучоците и ги скинал. Тој, исто така, „внимателно ја извадил“ и матката на Кристина, пишува таблоидот, која била единствениот отсечен орган. Судот смета дека станува збор за „намерно осакатување или ритуализација на деградација на телото“, што укажува дека Томас има ментално растројство.

Потоа, некои делови од телото ги ставил во блендер, додека други се обидел да ги раствори во хемикалии. Истрагата открила дека тој гледал видеа на Јутјуб додека го масакрирал нејзиното тело. Во извештајот од обдукцијата, медицинските вештаци претпоставуваат дека сето горенаведено го направил за да ги уништи доказите за делото.

Извештајот од обдукцијата ги уништи сите тврдења на Томас.

Томас најпрвин тврдеше дека сопругата ја нашол мртва во семејниот дом, а потоа се предомислил и рекол дека ја задавил во самоодбрана бидејќи таа ненадејно го нападнала со нож по „нормален разговор“. Масакрот на телото, како што тврдеше тој, го направил „во паника“.

Од судот велат дека обдукцискиот извештај е целосно спротивен на неговите тврдења за самоодбрана и реагирање преку паника, наведувајќи дека се работи за „планиран пристап, бидејќи неколку часа се обидувал да се ослободи од телото и да манипулира со трагите на делото.

Оттаму додаваат дека неговото однесување на денот на убиството укажува дека тој е исклучително насилен поединец, особено кон неговите животни сопатници, понекогаш со садистичко-социопатски особини, пренесува Јутарњи.хр.

Родена во Швајцарија, но со српско потекло

Кристина е родена во Бининген, но има српско потекло. Таа ги обучила кандидатките за Мис на Швајцарија да тргнат по нејзините стапки.

Таа еднаш победи на натпреварот за Мис на северозападна Швајцарија и стана финалистка на националниот натпревар во 2008 година. Истата година основала агенција за обука и консултации за амбициозни модели.


Фото: Инстаграм