„Ја удирал со камен по главата“: Сестрата на Џеј Рамадановски монструозно убиена од внукот
Животот на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, кој почина во 2020 година, е преточен во филмот „Недела“.
Во оваа продукција е прикажано неговото тешко детство, растењето и кариерата.
Роден е во 1965 година во повеќечлено ромско семејство во белградската населба Дорчол. Неговиот татко Мазлам бил чевлар, а мајка му Барија работела во комуналното претпријатие „Зеленило“.
Кога тргнал во основно училиште, Џеј бил многу добар, воспитан и уреден ученик, но потоа сѐ се свртело. Откако татко му решил да се пресели во Австрија, неговите родители се развеле. Џеј тргнал по него, но со оглед на тоа дека ја повторувал годината во училиште, Мазлам го вратил назад во Белград. Тој живеел со баба му Даница, а мајка му и сестрите живееле неколку куќи подалеку. Потоа почнал да бега од дома. Си играл џамлии со другарите, деновите ги минувал на улица, ги трошел парите на баба му и тогаш станал џебџија.
Иако мајка му се трудела да го исправи, Џеј продолжил да прави проблеми, па социјалните служби го испратиле во дом за малолетници на „превоспитување“. Меѓутоа, се снаоѓал и тогаш. Бегал речиси од секој дом, а најдолго престојувал во Домот „Васа Стајиќ“ во Вождовац, каде бил штитеник речиси девет години. Таму завршил со автолакерски занает.
Неговиот живот се промени кога ја запозна Марина Туцаковиќ, која го „зеде под своја закрила“ и е заслужна за добар дел од неговата блескава кариера.
Сепак, во неговиот живот имаше многу грди работи. Имено, во 2003 година во Црна Гора исчезнала неговата сопствена сестра Шехерезада (43). За неа ништо не се знаеше цела година, а во мај 2004 година нејзиното тело беше пронајдено во Шушње кај Бар.
Она што го шокираше регионот е тоа што лицето кое го извршило убиството е внук на Џеј, син на неговата најстара сестра. Џеј бил тој што го идентификувал телото на неговата сестра кога ја пронашле, препознавајќи ја по златниот синџир што секогаш го носела на ногата.
„Шехерезада е мојата постара сестра и исчезна минатото лето во август, кога со својот автомобил од Италија, каде што живееше, се возеше до Белград. Со месеци, нејзиниот сопруг, кој е Италијанец, и јас се обидувавме да дознаеме каде е таа. Шпекулиравме дали е киднапирана и дали воопшто е жива. Потрагата ја вршеше и Интерпол, но немаше извештаи кои ќе ја разрешат мистеријата, изјави тогаш Џеј.
Убиството на Шехерезада беше долго планирано и намерно извршено. Нарачателот на убиството е наш внук, син на нашата најстара сестра. Тој имаше овластување да раководи со работите на приватната компанија на Шехерезада во Белград. Се чини дека при склучување договори и набавка на некои автобуси проневерил 10.000 евра. Направил уште неколку махинации и за сето тоа да го прикрие решил да ја убие. Впечатоците се уште пострашни бидејќи нашите семејства се богати, а криминалот за профит е апсурден. Внукот дознал кога пристигнувала со траект до пристаништето во Бар, отишол да ја чека, но наместо безбедно да ја врати дома во Србија, и поставил заседа. Убиството го извршиле двајца млади момчиња кои ги донел од Белград. Ја удрил по главата со тап предмет, најверојатно камен, а потоа ја оставиле таму“, изјавил Џеј.