Ја удрил келнерката по задникот, па ја фатил за врат: Славниот шампион во проблеми!

УФЦ шампионот во полутешка категорија, Џон Џонс е оптужен за злоставување во коктел бар во Албукеркија, бидејќи ја удрил келнерката по задникот, па ја фатил за вратот, прилично гушејќи ја за да може да ја бакнува, пишуваат американските медиуми.

Оваа девојка случајот го пријавила во полиција. Таа истакнала дека тој не ги послушал нејзините молби за да престане, се додека не го напуштил локалот.

Целиот случај уште не е пристигнат до судот, но се верува дека постои реална шанса Џонс да заврши во затвор.

Џон Џонс не бил свесен дека започнал кривично дело, се додека не го исконтактирале медиумите од Албукеркија.

За Џон е познато дека и од порано бил оптужуван за разни прекршувања, сообраќајни несреќи и поседување на недозволени средства, па воопшто не може да не изненади и оваа случка за него.