Јадел над 40 чоколади дневно, тежел 508 килограми - сакале да го кремираат во кланица, но овде не завршува бизарната приказна!
Пеколот е мал збор
Пол Мејсон од Велика Британија до неодамна се закити со нималку ласкавата титула - „Најдебелиот човек на светот“. Вработените во болницата каде што се лекувал поради вишокот килограми сакале да го кремираат во кланица.
Во документарецот на телевизијата „ИТВ“ Пол Мејсон изјави дека планот на вработените во болницата бил „одвратен“.
Пол (61) во текот на тригодишното лекување дознал што мислат во случај на неговата смрт.
„Да умрев, болницата немаше да има начин да се ослободи од некој со моја големина. Планот беше да ме одведат во кланица каде што ќе ме кремираат со животни. Тоа е одвратно и не можам да верувам дека ќе сторат такво нешто“, рече тој.
Пол тежел 508 килограми за време на третманот. Тој во документарецот признал дека јадел по 40 чоколади дневно поради што почнале да му паѓаат забите. Не посетил стоматолог и сам ги извадил со клешти. За да ја намали болката, ја стерилизирал иглата и ја вметнувал директно во празнината помеѓу непцата и забот за да го убие нервот.
Поради неговата астрономска тежина, тој не можел да се движи или да излезе од куќата.
По операцијата за подврзување на желудникот, тој успеал да изгуби 120 килограми и ја запознал Ребека, која го запросила во 2014 година на американската телевизија.
Во бизарен сплет на околности во 2019 година, парот се развел, бидејќи се скарале за леб што Пол сакал да го јаде. Ја оставил Ребека и се преселил кај непозната жена што ја запознал на Фејсбук.
Поради сериозни проблеми со исхраната во ноември 2018 година, Пол заврши на суд во САД поради кражба на намирници во продавници. Тој украл храна вредна 1.000 долари.
По судската постапка, Пол се вратил во Велика Британија и вели дека сега конечно му се враќа на нормалниот живот. За сите ужаси што го снашле тој ја обвинува тригодишната сексуална злоупотреба во детството.
Фото и Видео: Youtube